Еден од најискусните ракометари во нашата репрезентација, Ренато Вугринец не ја посакува својата родна Словенија во 1/8 финалето, смета дека домаќинот Катар би бил многу подобар противник за нас.

„Одигравме квалитетно против Хрватска, го испотивме фаворитот, но за жал не стигнавме до позитивен резултат. Целите во македонската репрезентација се поставени високо, да се игра четвртфинале на светското првенство, што би бил најдобар резултат во историјата на мундијалите, воедно и врв на генерацијата која најмногу од се посакува да игра на едни Олимписки Игри. Патот до седмото место не е нималку лесен, а јас во осминафиналето не би сакал да играме против Словенија. Тоа е една многу сериозна репрезентација што го освои четвртото место на последниот мундијал и што исто така има големи амбиции за шампионатот во Катар. Сметам дека Катар е многу подобар противник за нас отколку Словенија“ – изјави Вугринец за порталот www.ekipa.mk