игор карачиќ вардар

Ракометарите на Вардар денес од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува големиот должник оваа сезона, екипата на Киелце.

Екипа која им го нанесе првиот пораз сезонава (31:27) и ја прекина победничката серија на „црвено-црните“ од четири победи по ред. За потоа да следи кризен период во кој од наредните четири кола во ЛШ, вардарци запишаа само една победа дома против Мешков Брест.

Победа против Келце на денешниот натпревар ќе му ја донесе втората позиција во групата А во Лига на шампионите на македонскиот првак, па затоа вардарци го чекаат со нетрпение овој натпревар кој воедно им е последен од првиот дел од сезоната во групната фаза во ЛШ.

„Киелце има одлични играчи, а сезонава игра многу брз ракомет, со добра одбрана. За нас е најважно да ги одиграме добро сите 60 минути. Ако го направиме тоа, ќе имаме големи шанси за победа, а со тоа и да се искачиме на втората позиција во нашата група. Сметам дека никому не му треба посебна мотивација за овој дуел“ – изјави тренерот на Вардар, Роберто Паронд

Натпреварот започнува во 17:30 часот, а судии се Евгениј Жотин и Николај Володков од Русија, додека делегатот доаѓа од Австрија – Клаус Ланг.