Андреа Белеска: Верувам дека можеме повеќе

whplayer2014_winners
Номинирани Лазаров, Дибиров, Вугринец и Штербик за најдобри во 2014
11/11/2014
zrk_vardar_vs_zito_prilep
Вардарки против Жито Прилеп како последен тест, пред натпреварот со Будуќност
11/11/2014

Андреа Белеска: Верувам дека можеме повеќе

anrea_beleska

Кичевчанката Андреа Белеска е една од најтaлентираните македонски ракометарки. Десниот бек на Металург, претпознатлива со својата борбеност и позитивна енергија, претставува светла иднина на женскиот ракомет на Македонија. Во интервју за МакРакомет, Андреа ги сподели своите почетоци со ракометот, видувањата за состојбата на репрезентацијата, како и уште многу интересни работи за себе и својот клуб.

andrea_beleska2

1. Андреа, кажи ни нешто за твоите ракометни почетоци? Дали ракометот од секогаш бил твојот омилен спорт , или како и многу други се префрли од некој друг спорт? Кoј или штo е причинaтa зa дa пoчнеш дa се зaнимaвaш сo рaкoмет? Oд кaде љубoвтa кoн oвoј спoрт?
Конкретно ракометни афинитети немав како мала, меѓутоа општо спортот отсекогаш ми бил најважната споредна работа. Ракомет почнав да играм во 6-то одделение за моето школо и оттогаш ракометот е составен дел од моето секојдневие. Секако поддршка од секогаш имав и имам од мојот татко кој што преку 20 години бил дел од спортските кругови.

andrea_beleska3
Име и презиме Андреа Белеска

2. Тешко ли е да ги избaлaнсирaш тренинзите и спoртскиoт нaчин нa живoт сo “нoрмaлниoт” живoт нa еден 20-гoдишник – излегувања, дружба? Имаш ли време за љубов? :-)
Пријателите со кои се дружам се најчесто од спортските кругови, па заедно балансираме помеѓу излагањата (кои се многу ретки) и обврските кои ги имаме во клубот. Но тешко е да им објасниш на другиот дел од кругот на пријатели дека не можеш навечер да седиш до 1 часот, затоа што наутро имаш тренинг. Се шалам, од нивна страна секогаш имам разбирање и максимална поддршка. А за љубов секогаш има време :-) :-) :-)

3. Имаш ли ракометни идоли? Кои се тие ракометарки чија игра особено те инспирира и те тера да напредуваш? Особено не интересира за луѓе кои играат на твојата позиција?
Секако дека имам, тоа е Катарина Булатович која моментално игра за Будуќност, и нормално нашите Елена Ѓоргиевска и Мирјета Бајрамоска.

4. Дел си од кадетската репрезентација на Македонија, но заигра и за сениорската репрезентација за последните квалификациски натпревари, кои за жал завршија со неуспех… Кое е твоето лично мислење за квалитетот на оваа нова помладена генерација?
Многу ми е криво што последните квалификации оставија нереална слика за македонската женска репрезентација и општо за женскиот ракомет во Македонија. Верувам дека можеме повеќе и со правилна работа ќе го покажеме тоа.

5. Можат ли македонските ракометни фанови да веруваат дека за година, две македонската репрезентација ќе се врати таму кај што и е местото, на европските и светсктие првенства?
Најпрво јас верувам дека ќе дојде до тоа, со многу посветена и сериозна работа се надевам дека за некоја година ќе ја вратиме довербата на македонските фанови, која е голем мотив за секој спортист да игра и да даде се од себе.

6. Со заминувањето на неколку поискусни ракометарки,ЖРК Металург остана прилично млада екипа, шанса за вас помладите да го докажете вашиот квалитет. Каква е атмосферата во тимот?
Атмосферата во клубот е одлична, добро работиме и се согласуваме меѓу себе. За оваа сезона очекувам второ место во Супер лигата и второ место во Купот, иако ниту моите ниту амбициите на моите колешки од клубот не застануваат тука.

7. ЖРК Вардар е апсолутен фаворит сезонава, но дали мислиш дека со овој состав на ЖРК Металург, со правилна работа, за година, две може да ја врати титулата во домашното првенство?
Нашиот клуб, ние заедно со тренерот целиме кон тоа, па и повисоко. Секако за да се победи Вардар треба многу време и работа, меѓутоа јас верувам дека ќе бидеме доволно добри за да успееме.

8. Што мислиш за македонската публика?
Дефинитивно најдобрата, најрасположената и најискрената публика во светот!

9. Ако дојдеме сега кај тебе дома и го отвориме фрижидерот, што ќе најдеме во него? :-)
Со оглед на тоа што живеам со 2 цимерки, во фрижидер може да се најде од се по нешто :-) :-) :-) се шалам… мојата исхрана се состои од овошје, месо, ориз, јогурт, млеко, јајца, салати … така да претежно тоа се намирниците што ќе ги најдете кај мене во фрижидер во било кое време. И ајде да не лажам и по некоја тегла ајвар :-) :-) :-)

10. Што правиш во слободно време? Како ти поминува еден ден?
Најчесто денот ми започнува во 7 наутро, во 8 часот веќе ни почнува првиот тренинг, после тоа јадеме и дома на одмор или евентуално завршувам некои обврски околу факултетот. Попладне повторно следи тренинг околу саат и пол-два, па претежно сум послободна навечер, иако си легнувам рано заради истите обврски наредниот ден. Викендите претежно играме натпревар или сме на пат, а слободното време за викенд го користам да се вратам во мојот град или да излезам со моите пријатели. Иако некогаш ми е многу тешко и напорно да ги исполнам сите обврски, никогаш не би се откажала од овој начин на живот и не би променила ништо во него.

Датум на раѓање 03.01.1994
Место на раѓање Кичево
Висина 180
Тежина 70
Позиција на која настапува Десен бек
Прв клуб
„Кале“ Кичево
Сегашен клуб
Металург
Тип на музика
Секаков тип на музика, во зависност од расположението
Хоби или интерес за нешто различно од ракометот Учење на странски јазици
Кога не би била ракометарка би била Да би можела, дефинитивно би била дел од NASA :-)
С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Leave a Reply

Your email address will not be published.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>