Анализа на противниците во групата – Австрија

Анкета: Која е вашата прогноза за Македонија на СП во Катар?
07/01/2015
Селфи кое зборува многу за атмосферата помеѓу ракометарите
08/01/2015

Анализа на противниците во групата – Австрија

Репрезентацијата на Австрија е последниот противник во групната фаза на светското првенство. Натпревар во кој веќе претходно ќе се знае ситуацијата на нашата репрезентација, дали ќе одиме понатака или не … но ако се оди според очекувањата овој натпревар ќе биде тежок и ќе решава за кој ќе се најде на првите две места во групата.

“Ова е тешка задача, но ние го имаме сите можности во свои раце, можеше да биде и полошо. Ќе се сретнеме со “стари ривали“ како што се Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина повторно, со што ќе имаме шанса за одмазда против македонците, кои не елиминираа нас од светското првенство пред две години. Знаеме колку е тешко да се скршат, но ќе се обидеме тоа да го направиме“ – изјави тренерот на австриската репрезентација, Партекур Јоханесон.

Кога ќе се спомне Австрија во ракометот, веднаш не асоцира на женскиот ракомет. Но, веќе во последните 5 години, многу се работи на подобрување на квалитетот и на машкиот ракомет во Австрија. Ракометната федерација на Австрија со конкретен план излезе уште во 2010 година, со што уште од тогаш постепено квалитетот на репрезентацијата се движи во нагорна линија. Доказ за тоа се резултатите направени на ЕП и СП во последниве години, ЕП 2010 завршија 9-ти, СП 2011 завршија на 18-то, ЕП 2014 завршија на 11-та позиција, но за да се пласираат на СП во Катар направија големо изненадување, совладувајќи ја репрезентацијата на Норвешка со (28:26, 28:28).

Од последниот наш натпревар против репрезентацијата на Австрија, на ЕП 2014 во Данска(групна фаза) издвојувавме победа 22:21, која добро се сеќаваме дека не беше ни најмалку лесна.

Австрискиот состав е исти, освен Фослер и Вилциски кои ги завршија своите кариери. Но, како нивна замена влегоа во составот младите талентирани ракометари Доминик Шмид и Никола Билук, кој беше избран за најдобар играч на ЕП 2014 јуниори, кое се одржа летово во Полска.

Репрезентацијата на Австрија е позната по својата добра одбрана, додавајќи тоа дека го има на голот искусниот Никола Мариновиќ, кој игра во германската лига, со што тоа го сметаат како клуч за посакуваниот успех. Во нападот предводени се од одличниот плејмејкер Виктор Силаѓи, помогнати секогаш од нивните две брзи крила Роберт Билер и Раул Сантос.

Сумирано, репрезентацијата на Австрија е добра репрезентација која не треба да се потцени. Тоа ни го покажаа во Данска, и сега ќе сакаат да ни се одмаздат за тој пораз. Како и да е, нашите ракометари ќе треба да се покажат во свое светло и да ја играат својата игра, со што не би преставувало проблем да ја совладаат репрезентацијата на Австрија.

Мечот се игра на 23.01.2015 во Ali Bin Hamad Al Attiya арената, со почеток од 17:00 часот.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Leave a Reply

Your email address will not be published.